Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривични дела „убиство во обид“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ против А. С. (35) од с. Горно Коњари, Скопско.

На 03.04.2020 во 13 часот било пријавено дека во с.Горно Коњари – Скопско по претходна расправија помеѓу А.С.(35) од с.Горно Коњари и О.А.(48) од с.Долно Коњари, А.С. со нож му нанел убодна рана на О.А. во пределот на стомакот.

О.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

По пријавување на настанот од полициски службеници излезено било на местото на настанот и при приведување на А.С. од неговиот дом, тој со нож ги нападнал.