Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, денес во 7.15 часот било пријавено во СВР – Скопје, самоубиство на машко лице од триестина години во населба Аеродром. 

– Во 7.15 часот беше пријавено во СВР Скопје дека на улица Методија Шаторов Шарло во населба Аеродром, момче на триесетина години со скокање од зграда извршило самоубиство. По пријавата екипите на СВР – Скопје се излезени за да извршат увид – велат од МВР Скопје. Х.Ј.