СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(39) од скопското село Морани, поради постоење сомнение за „лажно пријавување на кривично дело“. На 23.11.2020, тој лажно пријавил дека истиот ден на стариот пат Гостивар – Тетово, од село Жеровјане кон село Боговиње, додека се движел со патничко возило, две лица со закана му одзеле пари, соопшти полицијата.