Кривична пријава против П. П. (49) од Охрид поднесе СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Тој во периодот од 17 до 26 јануари, годинава,  влегол во аптеки на булеварите Туристичка и Сирма Војвода, како и во продавница на улицата Ристо Чадо во Охрид и со закани од вработените одзел пари.

Одреден му е притвор во траење од 30 дена.