Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривични дела „убиство“,и „тешка телесна повреда“.

Имено, според сооштението на СВР Битола на 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С. најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А.Џ.Л. и С.К.).

Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница. Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал.

По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор. Ка.М.