Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Љ.(26) од Скопје, поради шверц на мигранти.

На 21.06.2020 на магистралниот пат Штип – Велес кај место викано „делисенска пруга“ од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, било сопрено патничко возило „порше каен“, сопственост на Б.Д. од Скопје, а управувано од пријавениот.

При прегледот во возилото пронајдени биле 12 мигранти од Бангладеш, од кои шест биле малолетници. На пријавениот изречен му е мерка притвор и предаден е во КПУ Затвор-Скопје.