Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен прилепчанец, за кого постои сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 31 август, околу еден часот по полноќ со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од милион денари во обложувачница во Прилеп.

Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска пумпа, ставајќи го во пластично шише, па се упатил кон обложувачницата каде што пристигнал околу 1 часот по полноќ.

Се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата.

Потоа влегол во внатрешноста на обложувачницата и почнал бензинот да го истура во објектот, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувачницата.

Додека бил во внатрешноста, со кибритот што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.

Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.

За осомничениот судот определил притвор во траење од 30 дена.