Осомничениот за убиството кое се случи пред два дена во Гостивар е приведен и определен му е притвор од 30 дена. Тој бил лишен од слобода вчера напладне, откако полицијата повеќе од еден ден трагаше по него.

– Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие подолг временски период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и на оштетената и задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа од кујната зел нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот – велат од Обвинителството.

Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници.