Вчера полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лицата И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.

Според полицијата, осомничените лица во 19:55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник, вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема, велат од МВР.

Според полицијата, известен е и Јавен обвинител а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.