На 40-годишен прилепчанец му е определена мерка притвор поради полов напад врз малолетно дете, кое не наполнило 14 години.

– Осомничениот на 20.10.2020 година, околу 20 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете, кое имало 13 години, извршил други полови дејства – соопшти Обвинителството.

Според информациите, осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште, односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде што ќе биде повикан да работи поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување.

Овие околности, како што се наведува, укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до судија на претходна постапка на Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​