Постар прилепчанец вчера на градскиот пазар во Прилеп од страна на две непознати лица бил измамен при што му биле одземени 7.000 франци и 150.000 денари.

Имено лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златарница, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.