Ноќеска во Полициската станица Прилеп, Б.М.(36) пријавил дека вчера околу 19 часот бил претепан поради Фејсбук статус.

Б.М. додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“ , во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице.

Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале.

Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.

 Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.