Во текот на вчерашниот ден ОВР-Кичево преземајќи мерки по оперативна акција „Гора“, приведе девет лица од Кичево, одзеде две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, како и две моторни пили и друг вид на прибор.

– Мерките се преземени на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод како и во шумскиот појас крај кичевското село Челопеци. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димовски, портпарол на СВР-Охрид.

Во изминатите неколку месеци спроведени се повеќе акции во кои се одземени поголеми количества на огревно дрво. З.А.