Четириесет и петгодишен кавадарчанец е приведен под сомнение за убиство откако маж на возраст од 59 години синоќа им подлегнал на повредите од остар предмет, здобиени при физичка пресметка со повеќе лица, објавија медиумите повикувајќи се на информации од МИА потврдени од МВР.

– На 16.11.2021 околу 4.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул. „Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци – се наведува во соопштението од МВР.

Во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци, во врска со настанот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.