Вчера, во 16 часот, во близина на скопскиот Градски стадион на подрачјето на Центар, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Р. Д. (41) од Штип.

Тој се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години.

Лицето им е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.