На автопатот Скопје – Гевгелија, по Миравци, полицијата пронашла комбе во кое се наоѓале 25 мигранти.

Возачот на комбето, кога ја видел полицијата, го оставил возилото и се дал во бегство. При контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземените мерки, возачот бил пронајден и уапсен. Се работи за лицето У.Р.(20) од Чучер Сандево, Скопје.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.