Вчера околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улицата Иво Лола Рибар во Тетово работел по дозволеното време.

Како што информираат од МВР, во објектот престојувале 10 гости.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.