Триесет и едногодишно лице од Тетово е приведено откако претходно по него била распишана потерница за издржување казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според надлежните, денеска во 15.40 часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово е приведен И.М. (31) од Тетово, кој со потерница се барал за издржување казна затвор во траење од една година во КПУ Тетово.

Лицето во текот на денот ќе биде предадено на казнено-поправната установа.