Тетовската полиција во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчера во вечерните часови извршила контрола во угостителски објект во овој град, при што било утврдено дека во локалот се организира семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Уапсен бил управителот на објектот, 38-годишниот И.Б. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.