Полицијата привела 39-годишен скопјанец кој се барал за издржување на затворска казна.

Имено вчера, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Бит Пазар го лишија од слобода А.С.(39) од Скопје.

Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор.

А.С. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.