Полицијата приведе 27-годишен скопјанец за поседување оружје без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 17.20 часот на подрачје на Бит пазар е уапсен Б.А.(27) од Скопје.

Откако полицијата сопрела автомобил „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и почнал да бега, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми калибар 9мм без дозвола за поседување.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.