Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од с. Страчинци, скопско.

При претресот пронајдени се два пиштоли, една пушка и три куршуми.

А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, соопшти полицијата.