Изутринава во 01.00 часот на булеварот „8 Септември“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, казниво по чл. 130 од Кривичниот законик.

Полицијата постапувала по пријава на неговата сопруга дека на 11.04.2020 околу 20.30 часот, во семејниот дом на бул. „Октомвриска Револуција“, по претходна расправија, таа и нејзината 23-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т., нејзиниот сопруг.

Се преземаат мреки за расчистување на случајот.