Скопјанец во својот дом на улицата „Рилски конгрес“ во Скопје нелегално произведувал марихуана.

При претрес во неговиот дом биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и 4 гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​