Полицијата приведе разбојник од село Стојаково, кај кого биле најдени пари кои потекнуваат од разбојништво во казино.

– Денеска во периодот од 10:30 до 12 часот извршен е претрес во куќата и помошните простории на И.А. во с. Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија. При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело ‘разбојништво’ во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело – соопшти МВР.

При претресот се пронајдени и растенија канабис. И.А. е приведен и задржан во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.