Фото: Игор Бансколиев

Поранешниот претседател на Собранието, сегашен пратеник Трајко Вељановски доцна попладнево е уапсен по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Вељановски беше сведок во предметот на Обвинителството во кој завршни зборови треба да дадат уште четворица обвинети. Од ОЈО најавија дека повеќе детали ќе испратат преку соопштение.