Приведен е 42-годишен жител на тетовското село Желино поради сомнение за инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница. Инцидентот беше пријавен на 23-ти месецов.

Тогаш од болницата беше соопштено дека оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.

Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.

Од увидот било утврдено дека со метален предмет било удирано врз цевките, една била пресечена, а другата свиткана.

Според информациите од МВР, се работи за А.Р., кој вчера попладне бил приведен на улица „Илинденска“ во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.