За време на празниците во Неготино бил приведено 27 годишно лице со екстази и марихуана, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Неготинецот бил лишен од слобода на 7 април поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ.

– При вршење на претрес на лицето пронајдени и одземени се 75 непознати таблети со триаголна форма во розова боја со лого „Мицубиши“ во парче од најлон кеса и најлон кеса со непозната растителна материја со зелена боја – појасни Додевски.

Лицето било задржано во полициската станица во Неготино се додека не заврши документирање и расветлување на случајот.