Полицијата утрово околу 5.15 часот го привела Н.А. (50) од селото Ваксинце, општина Липково, кој криел 81 мигрант.

При претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигрант. Од нив, 19 се малолетни лица од земјите од Блискиот Исток.

Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце. По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, информира МВР.