Полицијата пронајде 13 мигранти од Пакистан во камион на автопатот Куманово – Табановце.

Според информациите на МВР, денеска околу 15 часот полициски службеници во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче,скопско, пронашле 13 мигранти од Пакистан.

А. К. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.