Приведен е криминалец кој бил осуден на седум и пол години затвор, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според информациите од таму, денеска околу 17 часот, во тетовското село Ратае, полициски службеници на секторот за меѓународна полициска соработка, со помош на полициски службеници од СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопското село Коњаре.

Лицето како што истакнуваат од МВР бил осудено на седум и пол годишна затворска казна за сторени кривични дела “тешка кражба”, од Кривичниот законик.

„По приведувањето, реализирано со судска наредба, С.М. ќе биде спроведен во затворот “Идризово” во Скопје за издржување на казната“, велат од МВР.