Полицијата приведе 49-годишен криминалец баран со потерница.

– Денеска, (8.2.2021), во 14.30 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, отсек за потрага, го приведоа С. О. (49), баран со потерница, за издржување казна затвор по чл. 418 б ст. 2 од Кривичниот законик во времетраење од четири години и шест месеци – соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено во Казнено-поправнато установа „Затвор Куманово“.