Полицијата привела Индиец на граничниот премин „Богородица“, којшто се обидел да прокриумчари сограѓанин во багажник. Како што информира МВР, денеска во 12 часот
на граничен премин „Богородица“ од страна на полициски службеници бил лишен од слобода М.С.(22) од Индија, со италијанска лична карта, затоа што во возилото „фиат пунто“ што го управувал со италијански национални ознаки, се обидел да прокриумчари мигрант.

При контрола во возилото бил откриен Р.С. (22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.