Вчера во Полициското одделение Сарај бил приведен и задржан Ш.С.(52) од село Бојане, Скопско, поради тоа што околу 11.45 часот со огнено оружје пукал кон Р.Н.(36) од истото село, но не го повредил. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.