Фото: Илустрација

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 54-годишниот Р.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, соопштија од МВР.

Имено, како што соопштија од полицијата еден ден претходно по претходна судска наредба извршен бил претрес на домот на пријавениот и при претресот пронајдени биле 12 паковки хероин и кокаин.

Р.Р. е приведен во полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.