На 4.4.2021 во 4.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по судска наредба, бил приведен Б.Р.(45) од с.Арачиново, Скопско, поради тоа што се барал за доиздржување на казна затвор во траење од три години и два месеца, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.

Тој бил спроведен во затворот Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.