Приведено е едно лице од Тетово кај кого полицијата пронашла повеќе пакувања марихуана, информира МВР.

-На 23.04.2019 година во периодот од 11.30 до 12.20 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Б.Л.(33) од Тетово. При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана- соопшти МВР.

Б.Л. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.