Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Засега нема повеќе детали за полициската акција, освен дека е спроведена заедно со Американската агенција за борба против наркотици.

– Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот – напиша Спасовски на Фејсбук.