Полицијата го приведе момчето кое со „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш и објави видео на „Тик-Ток“.

Според информациите на МВР, полициски службеници денеска во 15 часот го привеле Т.К.(24) од Радовиш, кој со автомобил „бе-ем-ве“ помина низ плоштадот во Радовиш и го објави видеото на социјалните мрежи.

– Т.К. на 30 декември околу 22 часот на ул. „22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата – соопшти МВР.