Денеска околу 01.30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го пронашле и привеле Џ.Џ.(20) од Кочани поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.