Фото: Илустрација/ Пекселс

Денеска во 13:20 часот во село Брњарци, Скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(43) селото Брњарци.

За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето, како што известија надлежните, ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.