Полицијата вечерва го приведе лицето кое во септември со секира крвнички уби две кучиња во населбата Аеродром.

Станува збор за Г.С. (17), а бил приведен откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.

Тој ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.

Крвавиот настан се случи во септември годинава, кога утрината жителите од Аеродром на булеварот АВНОЈ ги пречека ужасна слика на искасапени кучиња.

Стануваше збор за две улични кучиња за кои жителите се грижеле со години и велеа дека биле неверојатнo мирни и кротки.