Три лица синоќа биле приведени бидејќи се однесувале агресивно кон полициски службеници.

Како што информираат од полицијата, две од лицата се од селото Сингилиќ и се на возраст од 21 и 29 години.

Третото лице било приведено на улицата Рајко Жинзифов во Скопје, бидејќи под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници и го нарушил јавниот ред и мир.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.