Полицијата синоќа приведе три лица од Гостивар поради трговија со кокаин.

Станува збор за лицата К.М.(30), К.О.(20) од Гостивар и О.С.(19) од селото Горна Бањица, гостиварско.

– При преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О.. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.215 и чл.216 од Кривичниот законик – информираат од полицијата.