Три лица се приведени во текот на вчерашниот ден бидејќи се обиделе илегално да ја поминат границата.

Како што информираат од МВР, вчера во атарот на селото Лојане, кумановско на гранична линија помеѓу Србија кон Македонија, полициски службеници ги привеле Е.С.(59) од Србија и И.И.(53) од Лојане бидејќи илегално ја поминувале државната граница.

Друг ваков случај бил забележан кај местото викано „Дупки“ на Граничен премин „Долно Блаце“, каде полициски службеници го привеле С.К.(19) од Косово.

Лицата се предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.