Фото: Илустрација

Три лица се уапсени за поседување марихуана, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР во дневниот билтен.

Врз основа на судска наредба, полициски службеници вчера извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од струмичкото село Турново, при што биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства и пари. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Струмица.

По целосно документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.

МВР наведува дека на 05.09.2018 во Велес полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(45) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.

-На 12.09.2018 година на автопатот Тетово-Скопје полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од Г.Ц.(46), а како сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана- е наведено во дневниот билтен на МВР.