Полицијата уапси двајца разбојници кои се осомничени дека со закана со пиштол ограбиле две жени во Карпош.

Според информациите на МВР, полицијата при претрес во дом на ул.„Никола Русински“, биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41), како и еден пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои разбојниците ги украле.

На 12 мај на ул.„Радика“ осомничените со закана со пиштол ѝ украле ранец со предмети на Н.К., а на 15 мај во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Варшавска“ во влез од зграда, две непознати лица со закана со пиштол ѝ го одзеле мобилниот телефон на И.Л.Б.(30) од Скопје и физички ја нападнале.

СВР Скопје работи на целосно документирање на случајот по што до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави