Пет лица се приведени за пукањето што се случи вчера на Матка. Од полицијата информираат дека се приведени лицата С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од селото Глумово и К.В.(24) од селото Рашче.

– С.С.(31) од селото Глумово пријавил дека околу 15 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот – велат од полицијата.

Вчера од МВР информираа дека расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према Пештерата, а повредени лица нема.

Еден од напаѓачите е внук на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.