Полицијата во Кочани денеска уапси две лица осомничени за кражби.

Според информациите на МВР, приведени се М.К.(24) и Џ.К.(19).

М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид. Тој на 20. овој месец украл паричник од жена, а на 22. се обидел од оштетената да украде мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.

При претрес во домот на М.К. бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М.К. по добиена судска наредба бил спроведен во затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава.