Две лица се лишени од слобода откако при полициски претрес кај нив полицијата пронашла амфетамин.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(20) и С.Б.(27), двајцата од Скопје.

При преглед врз Н.П., извршен на улица „Јани Лукровски“ бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од С.Б..

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен со судска наредба, исто така бил пронајден и одземен амфетамин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.